Од наведените состојки за тесто се меси убаво средно меко тесто, при што се удира тестото при месењето од работната масата.
Се премачкува со масленце, се покрива и остава на топло да го дуплира волуменот.
Потоа без премесувње се дели тестото на 5 дела.
Од секој дел се отвора кора и премачкува со маргаринот со жолчка.Така се прави со 4 те дела, знаци 4 кори и премачкување.
5 от дел се отвора во кора, но не се мачка.Се редат сите една врз друга.Се отвора во што поголема и правоаголна кора.
Се витка ролат.
Се сечат парчиња.
Се редат во тенџере бр.30.
Се кисни 45 мин.
Се мачка до жолчка, наросува сусам и ким.
Се печи во загреана рерна - прво на 220 околу 10 мин., па се намалува на 180 и уште 50 мин..
Сепак тоа зависи од рерната...треба убаво да изврие, зошто е мачкана со маргарин.
Наместо маргарин, можи путер...
Кората пред да се витка ролат, можи да се нароси со сиренце.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани