Лисната Погача
Состојки
- 240мл Млеко
- 120гр Кисело млеко
- 680гр Брашно
- 2 Јајца
- 1 Белка
- 1 Жолчка ( + 1г.л.млеко и 1г.л.зејтин )
- 2 мали лажички Сол
- 1 мала лажичка Шеќер
- 1 коцка Квасец
- По потреба Маргарин
Подготовка
Превкусна, мека погача...топло ви ја препорачувам.
Подготовката е на следниот начин
1. Прво го активираме квасецот со 100мл млако млеко, шеќерот и малку брашно.
2. Потоа се замесува тестото со останатите состојки и активираниот квасец.
3. Се остава да стаса тестото, па ја формираме погачата.
4. Се става во тавче број 28, врз хартија за печење, се остава да стаса, па ја премачкуваме со жолчката.
5. Декорацијата со цвет се става на крај, не се премачкува со жолчката.
6. Печеме на 200 степени околу 30 минути.
Забелешка - Декорацијата е направена од тесто замесено од следниве состојки - 50гр брашно, 50гр сол и околу 3-4г.л вода. Се расукува кора и се сечат посакуваните форми.