Торта со вкус на лимон.
Јајцата се матат пенесто со шеќерот.
Се додава зејтинот и млекото.
Во брашното се меша пецивото и ванилата,па се додаваат во смесата.
Какаото исто така се помешува.
Мешате со исклучен миксер.
Смесата ја печете во претходно загреана рерна на 200 степени.
Намалувате со температурата послепрвите 10минути.

Печениот пандишпан го оставаме да излади, а потоа го сечеме на три ленти.
Одиме со подготовка на филот.
Од 500мл млеко одземаме 100 мл.
400 мл млеко и 5 лажици шеќер ги ставаме на оган да се стоплат.
100 мл млеко и 3 лажици брашно се мешаат убаво.
3 жолчки се матат со миксер и се додаваат во млекото со брашно.
Откако е вжештено млекото со шеќер, постепено го додаваме ова млеко со брашното и жолчките.
Додаваме сок од еден цеден лимон.
Мешаме додека да згусне.
Оставаме да излади.
Путерот го миксираме со шеќерот во прав, а потоа го помешуваме со изладената смеса.
Добиваме убав крем со кој ја филуваме тортата.
Ја премчкуваме стандардно,кора,фил,кора,фил.Крајно ја премачкуваме со филот.
Од трите белки матиме шлаг,па ја премачкуваме цела торта.
Рендаме кора од лимон или пак украсуваме со парчиња цитрон.На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови