Лимончело бомбици
Овој ликер ЛИМОНЧЕЛО ми е подарок од другарка ми Тинка, која ми го донесе од Италија.
Многу симпатично шишенце, па морав да го искористам во некоја слатка делиција.
Направив превкусни бомбици.
Доколку немате лимончело ликер, ставете сок од исцеден лимон.
Во мала касерола се ставаат путерот, белото чоколадо и слатката павлака да се изедначат на тивок оган. Се додава ликерот. Се промешува
Потоа добиената смеса се става во фрижидер да се стегни, најмалку 2-3 часа.
се вади од фрижидер и се додава кокос.
Убаво се промешува.
Со лажиче се зема од смесата , се формира бомбица и се валка во кокос.
Се декорираат со несолени фстаци.
Уживајте
Лиценца: Сите права се задржани
Кате ептен ме бендисаа бомбициве!