Дали знаете зошто џусот од портокали, што го купуваме, малку нагорчува, а цедениот сок од портокали не? Затоа што џусот се прави од цели портокали, со се лушпа.
За првпат во животот најдов непрскани портокали, растеа во дворот во едно приморско место. Така за овој рецепт користев цели портокали, без да мора да ги лупам, а лимоните ги лупев со лупалка за компири, значи отстранував тенок слој. Ако имате домашни портокали, не ги лупете.

Подготовка:
1. Прво сомелете ги, на 2 пати, лимоните и портокалите со вода во нутрибулетот. Потоа прецедете ги преку цедалка. Процесот е малку бавен и досаден, но вреди.
2. Добиената течност ќе биди густа и концентрирана. Затоа додадете вода, да се разреди и додадете мед и цимет. Мешајте додека убаво не се растворат медот и циметот. Послужете веднаш и уживајте во вашиот здрав прекрасен пијалок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови