10
мај
2021
Лимонада со јагоди
Сезона на јагоди, па да ги искористиме...
Ова е освежителна лимонада, за убав почеток на денот.
1. Прво ги цедиме лимонот и портокалот. Сокот го ставаме во нутрибулет и половина количина на исчистени, миризливи, мали јагоди. Соединуваме и ја додаваме втората половина на јагоди.
2. Во мал сад на оган, ја ставаме водата и го додаваме шеќерот да се растопи.
3. Во бокал ги ставаме коцките мраз, ливчињата нане, миксаните јагоди и растопениот шеќер. Дополнуваме со вода.
Промешуваме и сервираме во чаши.
Лиценца: Сите права се задржани