Лимонада со јагоди
Состојки
- 300гр јагоди
- 1 лимон
- 1 портокал
- 150мл вода
- 2.3лажици шеќер или 1 лажица мед
- Околу 1 литар вода
- Коцки мраз
- Ливчиња нане, јагоди
Подготовка
Сезона на јагоди, па да ги искористиме...
Ова е освежителна лимонада, за убав почеток на денот.
1. Прво ги цедиме лимонот и портокалот. Сокот го ставаме во нутрибулет и половина количина на исчистени, миризливи, мали јагоди. Соединуваме и ја додаваме втората половина на јагоди.
2. Во мал сад на оган, ја ставаме водата и го додаваме шеќерот да се растопи.
3. Во бокал ги ставаме коцките мраз, ливчињата нане, миксаните јагоди и растопениот шеќер. Дополнуваме со вода.
Промешуваме и сервираме во чаши.