Ликер од какао
Многу вкусен ликер. Мене до сега најомилен. Брз за подготовка и не мора да се чека долго за да се пие. Тоа е можеби и најдобриот дел =))
Со оглед на тоа дека ставив 6 ликери да стасуваат, овој прв е готов. другите ќе ги чекаме уште 2-3 недели сигурно.
Какаото се прелева со врела вода (првиот дел) и се остава да одстои. Јас го проварив малку.
Шеќерот и водата (вториот дел) се варат и се оставаат да вријат 10ина мин. Се додава циметот и ванилата. Јас ги оставив со затворен капак да се олади течноста. Се додава ракијата и се соединува со предходно свареното какао.
Се става во стаклен сад (користев тегли со капак) и се остава да одстои неколку дена. Се процедува, слкадира во стаклени шишиња и може да се пие со мерак.
Лиценца: Сите права се задржани
преубав е, однапред знам :)