Ги обожаваме ваквите крем чорби, посебно во овој период, подготвени од сезонски зеленчук, кои навистина му се потребни на организмот.

Во касерола ставаме маслиново масло, додаваме сецкан кромид, морков, целер.
Запржуваме 1-2 минути на тивок оган.
Потоа го додаваме ренданото тикве и запржуваме уште 1-2 минути.
Налеваме вода, додаваме малку сол, бидејќи веќе кесичката има во составот и додаваме бибер.
Оставаме да проврие на умерен оган.
Сега целата содржина кратко ја поминуваме со стапчест миксер.
Ја додаваме и содржината од кесичката.
Вариме 5-6 минути.
Тргаме од оган.
Во еден сад ги соединуваме јогуртот, јајцето, сецканиот магдонос и сокот од лимон ( кој е задолжителен, за да не се подвари чорбата, а и секако за свежината која ја дава).
Во танок млаз го додаваме зачинувањето во касеролата, со постојано мешање.
Сервираме и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани