Превкусен, летен ручек или вечера е мојот денешен предлог.

Во мала тава ставаме маслиново масло.
Од кога ќе се загрее на умерен оган ги додаваме одмрзнатите морски плодови да се запржат, односно готови се кога ќе испари течноста која ја пуштаат и ги пржиме уште 2-3 минути.
Ги зачинуваме со сол, бибер и сок од лимон.
Оставаме да се изладат.
Авокадото го лупиме, односно со помош на лажица ја одстрануваме лушпата.
Го сецкаме на коцки и го покапуваме со лимонов сок за да не потемни.
Го ставаме во зделичка.
Тука ја додаваме и сецканата краставица.
На црвениот домат му го одстрануваме семето и го сецкаме и него на коцки.
Го додаваме во зделата.
На младите листови блитва им го одстрануваме средишниот, тврд дел.
Убаво ги миеме листовите и ги просушуваме на кујнска крпа.
Ги сецкаме на танки ленти.
и нив ги додаваме кај претходните состојки.
Во мал сад соединуваме сол, бибер, сенф, лимонов сок и маслиново масло.
Промешуваме и го додаваме дресингот во вангличката.
Ги додаваме и морските пржени плодови.
Промешуваме и сервираме.

Пожелно е да се додадат и киселкасти капари, ленти црвен кромид....надополнете по ваш вкус и уживајте

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани