Испечати

Летна салата со авокадо и мешавина на морски плодови

Летна салата со авокадо и мешавина на морски плодови

Состојки

  • 1 поголемо, средно зрело авокадо
  • 1 среден црвен домат
  • 1/2 свежа краставаица
  • 8-10 листови, мали и млада блитва или спанаќ
  • 250гр мешавина на морски плодови
  • маслиново масло за пржење и за прелив
  • сол и бибер по вкус
  • сок од еден лимон
  • 1/4лажиче сенф
  • по желба танки резанки црвен кромид и пасиран лук

Подготовка

Превкусен, летен ручек или вечера е мојот денешен предлог.

Во мала тава ставаме маслиново масло.
Од кога ќе се загрее на умерен оган ги додаваме одмрзнатите морски плодови да се запржат, односно готови се кога ќе испари течноста која ја пуштаат и ги пржиме уште 2-3 минути.
Ги зачинуваме со сол, бибер и сок од лимон.
Оставаме да се изладат.
Авокадото го лупиме, односно со помош на лажица ја одстрануваме лушпата.
Го сецкаме на коцки и го покапуваме со лимонов сок за да не потемни.
Го ставаме во зделичка.
Тука ја додаваме и сецканата краставица.
На црвениот домат му го одстрануваме семето и го сецкаме и него на коцки.
Го додаваме во зделата.
На младите листови блитва им го одстрануваме средишниот, тврд дел.
Убаво ги миеме листовите и ги просушуваме на кујнска крпа.
Ги сецкаме на танки ленти.
и нив ги додаваме кај претходните состојки.
Во мал сад соединуваме сол, бибер, сенф, лимонов сок и маслиново масло.
Промешуваме и го додаваме дресингот во вангличката.
Ги додаваме и морските пржени плодови.
Промешуваме и сервираме.

Пожелно е да се додадат и киселкасти капари, ленти црвен кромид....надополнете по ваш вкус и уживајте