23
авг
2015
Летен ручек со пиперки и домати
Некој ќе рече ручек? Но нас навистина ни беше ова ручек. Малку лесна храна.
Се печат пиперките и се лупат. Се става во тавче масло се загрева и така цели се запржуваат пиперките од двете страни по 2мин. Во истото масло се додава сечканиот кромид кој се пржи. Потоа се додаваат сечканите домати на кои им е отстранета лушпата. Се варат додека водата не испари при тоа додавајки им сол, шеќер, киселина и лук. Се сервира со сирење!
Лиценца: Сите права се задржани