Летно макало, летен ручек со сирење, летно ладно јадење кое ме враќа во детството.

Подготовка:

1. На скара ги печиме пиперките, модрите патлиџани и доматите. Кога ќе се испечат ги лупиме и ги сечкаме.
2. Во аван го толчиме лукчето заедно со солта. Се додаваат постепено сечканите пиперки и нив ги толчиме. Па се додаваат модрите и доматите и сето заедно кога ќе го столчиме го мешаме.
3. На рингла се затоплува маслото до загревање се додава буковска пипер и се попарува пинџурот. Се меша убаво да навлезе маслото насекаде и се остава во фрижидер да се олади. Се служи со сирење,маслинки.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани