Лесни и брзи мазничиња
Во млаката вода се раствора квасецот и се додава шеќерот и малку брашно. Се остава 10 минути да одстои. Се додава брашното, маслото и солта и се меша со помош на жица. Смесата треба да дојди малку погуста од онаа за палачинки.
Урдата или сирењето се дроби и се меша со јајцата. Доколку има потреба се посолува.
Се зема по еден лист од готовите кори и се премачкува со квасната смеса, насекаде и по рабовите со помош на четче. Се става од филот и се витка во ролна, па потоа во вид на мали мазничиња-пинерлии. Сирењето можи да го поставите покрај почетниот раб на кората или пак, да го распрскате насекаде низ кората.
Така спремените мазничиња ставете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со остатокот од смесата, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги во топла просторија најмалку половина час или пак ако е поладно и 1 час да одстојат.
Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна од 180С.
Испечени и се уште топли можи да ги премачкате со кајмак одозгора или пак едноставно да ги сервирате посебно со него или вашата омилена кисела павлака, млеко или јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови