Совршени колачина, подготвени на совршено лесен начин!

Во сад, со електричен миксер, се матат шеќерот и маргаринот. Се добива пенаста смеса, на која се додаваат и бисквитите и кокосовото брашно. Потоа постепено се додава и овошниот сок, чиј вкус ќе биде по ваш избор. Откако ќе се добие кремаста смеса, се месе со рака за да се добие бисквитно тесто. Се прават топчиња, а декорацијата е исто така, по ваш вкус.
На здравје!

Забелешка
Доколку е потребно, за да се добие бисквитно тесто, се додаваат уште малку мелени бисквити. А за декорација, Ви го препорачувам она што го направив јас - ги извалкав во кокосово брашно и трошки за колачи во боја, но сепак изборот е Ваш!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови