Лесна баклава со вишни
Најпрво се подготвува шербетот.
Се ставаат во тенџере шеќерот и водата и се оставаат да вриат околу 7 до 10 минути за да згусне. Додадете го на крај на парчиња исечен лимонот. Оставете да се олади.
За тоа време подгответе го филот за баклавата. Изматете ги со миксер јајцата, додадете ја павлаката, маслото, шеќерот, маслото, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Се редат корите и секоја кора се попрскува со овој фил, кога ќе се наредат до половина корите се ставаат замрзнатите вишни, а потоа се продолжува со редење на останатие кори кои исто така поединечно една по една се попрскуваат со фил. Се сече на квадрати или на триаголници и се става да се пече на 180 степени околу 30 минути. Печената баклава жешка се полива со ладниот шербет и се остава да одстои за да го впие шербетот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови