Лесен овошен десерт (посно)
1. Во тенџере на оган се става 300 мл. вода. Откако водата ќе зоврие се додаваат претходно изренданите круши и јаболка, ванилиниот шеќер и медот.
2. Зрната аронија се гмечат за да испуштат сок и се додаваат во тенџерето.
3. Во посебен сад се става густинот и неколку лажици топла вода за да се раствори убаво, а потоа се додава во тенџерето.
4. Се заедно се вари 7-10 минути и се трга настрана да отстои уште 10 минути.
5. Во чашите за сервирање се ставаат кршени бисквити а врз нив се става од овошниот пудинг.
Лиценца: Сите права се задржани