Лепче со тиква
Ова е лепче е еден вид погача и може да се прави со тиква, морков или со тиквички
1. Се топи квасецот со млакото млеко или јогурт.
2. Се додава сол, мед и масло и се меша. Се додава брашното и се меша убаво некоја минута.
3. Се додава рендана или малце блендирана тиква и овесните снегулки, се меша убаво и се остава да стаса 30 мин
4. Се става мрсна хартија на плех.
5. Се истура тестото на поросена маса со брашно и се размесува малце. Ако се лепи се додава брашно.
6. Се дели тестото на 16 парчиња и од секое парче се прави топче. Се редат на мрсната хартија едно до друго за да се залепат кога стасува 30 до 40 мин.
7. Се мачка со вода и се поросува со семки од тиква.
8. Се печат во загреана рерна на 225 степени 15 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови