Ова е рецепт за вкусни лепињи со фил по желба...

Подготовка
1. Млаката вода и маслото ги ставаме во сад и со миксер матиме тесто. Ги додаваме сувите состојки и замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да се дуплира. Го размесуваме и го оставаме повторно да стаса. Стасаното тесто го делиме на 4 дела и формираме долги лепињи.

2. Секоја лепиња ја премачкуваме со свинска маст, ајвар, ставаме врз него парчиња печеница и кашкавал па посипуваме со оригано.

3. Ја вклучуваме рерната да ни се загрее на 200 степени. Ги печеме околу 15 минути, зависи од рерната.

Нека ви се на здравје!

Забелешка
Ако ви се брза можете само еднаш да го стасате тестото. За фил може да искористите продукти по желба и вкус. Кашкавалот може да го редите насечкан на тенки парчиња, а може и да го нарендате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани