Подготовка

1. Ставете го квасецот изронeт во топлото млеко, во кое сте го додале шеќерот и 1 лажица брашно и оставете го да запени околу 10на минути.

2. Додадете го маслото и половина од брашното, па откако ќе измешате, додадете ја солта и пецивото и постепено додавајте го остатокот на брашно месејќи, додека не добиете нелепливо тесто. Покријте го тестото и оставете го да се дуплира на топло место.

3. Стасаното тесто благо премесете го и поделете го на 20-24 дела кои ќе ги оформите во топчиња.

4. Секое исукајте го кружно и со нож исечете го на 8 триаголници. Триаголниците редете ги едно врз друго и со помош на стапче за ражен притиснете ги во средината да се разлистаат.

5. Наредете ги во плех и премачкајте ги со разматеното јајце и врз секое ставете по мало парче маргарин. По желба можи да ставите сусам или други семиња или едноставно да ги оставите така.
Печете ги на 200 степени 20-30 минути.

*На дел од нив меѓу секој триаголник ставив по малку урда.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови