
Ледени коцки со брауни колач
Во сад се става мешавина за тесто, јајцата и водата, се мати со миксер да се изедначи смесата. Се додава маслото и се меша со миксер додека да се добие тесто. Се додават какао лушпи и се промешува.
 Се истура смесата во сад за печење и се распоредува рамномерно.
 Се пече на температура 180 степени, 25-30 минути.
 За фил
 Половина од млеко ставете да зоврие, во останато млеко ставете густин, брашно, ванила се убаво мешајте, и истурете во врело млеко мешајте додека не загусне.
 Оставете да истине. Маргарин изматете, во него ставете фил и се заедно матете со миксер.
 Врз тесто истурете фил, оставете во фрижидер да се стегне.
 Чоколадо за готвење растопете.
 Стегнат колач прелијте со чоколадо.
 Украсете со шлаг.
 Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани























