Леб со пиво,без квасец
Во сад ставете ги сувите состојки, не цело брашно. Измаешајте со лажица и ставете ги течните. Јајце не мора. Јас имав не искористено до пола, па го ставив. Почнете да месите, полека додавајте од брашното. Треба да се измеси средно тесто. На намрсен и побрашнет плех или калап ставете го лебот. Формирајте круг или векна леб. Лебот со ноже расечете (не до крај) линии.
Вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени. Додека се загрева лебот ставете го на топло место да почне да стасува покриено со крпа. Кога рерната се загреала ставете го лепчето да се пече. Печете на 200 степени првите 40 мин. Потоа зголемете на 250.
Печете додека се добие кафенеста боја или пак ако сакате малку потпеченко може и малку повеќе. Извадете го од рерна и покријте го со најлонско кесе и крпа за да се задуши.
Лебот нема квасец а нараснува бидејќи има пиво,сода и пециво. Најдобро користете светло пиво. Со медот се неутрализира горкиот вкус на пивото. Инаку лебот е густ.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови