Леб од органски брашна
Квасец се остава да стаса со малку млеко и лажичка шеќер. Во вангла за месење се ставаат брашната, стасаниот квасец, солта, маслото и водата. Се меша брзо со лажица (смесата е скоро како течна). Се остава да стаса. Кога ќе стаса повторно се промешува со лажица и пак стасува. Се повторува три пати.
Се вклучува релната на 220 С да се загрее. Стасаното лепче се истура во калап за печење обложен со хартија за печење и се става да се пече. Печете 30 мин.на 220 С,а потоа се намалува на 180 мин.и печете уште 25 мин. Откако ќе се испече се остава во релната уште 10 мин.Се мота во крпа и се остава да се олади.(чашата е од 250мл)
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови
Туку, какво е тоа спелта брашно? Стварно првпат слушам :)
И уште нешто, во состојките нема колку е тоа млеко што се става во квасецот :)