Леб од органски брашна
Состојки
- 1 чаша р`жано брашно
- 1 чаша бело брашно
- 1 чаша спелта брашно
- 2 лажици сол
- 2 лажици ладно сончогледово масло
- 1 коцка квасец
- 1 1/2 чаша млака вода
Подготовка
Квасец се остава да стаса со малку млеко и лажичка шеќер. Во вангла за месење се ставаат брашната, стасаниот квасец, солта, маслото и водата. Се меша брзо со лажица (смесата е скоро како течна). Се остава да стаса. Кога ќе стаса повторно се промешува со лажица и пак стасува. Се повторува три пати.
Се вклучува релната на 220 С да се загрее. Стасаното лепче се истура во калап за печење обложен со хартија за печење и се става да се пече. Печете 30 мин.на 220 С,а потоа се намалува на 180 мин.и печете уште 25 мин. Откако ќе се испече се остава во релната уште 10 мин.Се мота во крпа и се остава да се олади.(чашата е од 250мл)
Добар апетит