27
ное
2020
Леб со мека корка
1. Се замесува брашното, солта, квасецот заедно со млаката вода. Тестото е лепливо. Стасува 90 мин
2. Се зема тестото и на намрсена површина се расплескува тестото. Се прави како ролат и се става во долга модла премачкана со маргарин. Се остава да надојде лебот.
3. Лебот кога е стасан се засекува одозгора и се премачкува со ладна вода.
4. Се печи на 200 С-30 мин. Кога ќе се испече се премачкува со маргарин одозгора и се покрива со чиста кујнска крпа и стои 30мин.
Превкусно и мека корка има лебот.
Лиценца: Сите права се задржани