Ви предлагам да пробате една освежувачка ладна супа!
Цвеклото сварете го и исечете на коцки. Краставицата, ротквици,чадено месо и јајца исечете ги на коцки. Ставете се во тенџере. Ставете јогурт и газирана вода, посолете додајте црн пипер и промешајте.
Магдоносот и младиот кромид исечете го ситно и ставете го во супата. Супата оставете ја во фрижидер на еден час да излади.
Сервирајте во чинија ставете една лажица павлака и пола јајце.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани