Ладна супа од цвекло (свеколник) - украинска кујна
Состојки
- 1 средно цвекло
- 2 јајца
- 100 гр чадено месо
- 1 средна краставица
- 500 мл јогурт
- 150 мл вода газирана
Подготовка
Ви предлагам да пробате една освежувачка ладна супа!
Цвеклото сварете го и исечете на коцки. Краставицата, ротквици,чадено месо и јајца исечете ги на коцки. Ставете се во тенџере. Ставете јогурт и газирана вода, посолете додајте црн пипер и промешајте.
Магдоносот и младиот кромид исечете го ситно и ставете го во супата. Супата оставете ја во фрижидер на еден час да излади.
Сервирајте во чинија ставете една лажица павлака и пола јајце.
Добар апетит!