Подготовка
- Имсешајте ги сенфот, сувиот зеленчук, биберот, солта и преку преса стиснатиот лук или изрендан на ситната страна.
Говедското месо исечете го по должина на парќиња од 1/2 см. но внимавајте да не ги исечете до крај... спротивно лепезата нема да можете да ја добиете. Секое исечено парче односно премачкајте го со мешавината со сенфот. Потоа помегу секој зарезок ставете едно парче од месната сланина и парчето леб.. Потрудете се со цврст конец да ја изврзете вака спреманате печеница, повторно премачкајте ја сега со остатокот од мешавината со сенфот. Преместете ја на алу - фолија која треба да е поширока или две парчиња од фолијата ке користите како би можеле добро да ја затворите. Во фолијата додадете го исечканиот морков, кромидот, ловоровиот лист, каранфилчето, сосема малку масло или путер, добро замотајте ја печеницата во фолијата, ставете да се пече во рерна на 200 степени околу 80-90 минути, потоа отворете ја фолијата и оставете уште 30 мин. да се горната страна добро запече.
- Доколку сакате вие - пред самиот крај посипете одозгора со кашкавал и само малку да се потпече - немора да се топи, зависно од кашкавалот, можете и додека е врело месото да го извадите и веднаш посипете со кашкавал, но како што кажав - тоа доколку вие сакате, не мора.
- Откако е испечена извадете од рерната, одстранете го конецот и оставете да се олади, сечете со многу остар нож на потенки парчиња спротивно од правецот на првичните засекувања.
Одлично е како ладно печење секако и во свечени и празнични моменти.
Срекни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани