Куглоф со маслинки(посно)
Овој куглоф го направив по повод славата/именденот
на мојот татко Панде (Пантелејмон) кој се погоди во
посен ден. Брзо се прави, а е превкусен.
Подготовка: Ставете го квасецот во млаката вода со шеќерот и само измешајте го да се
раствори, не треба да се активира.
Потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
Намрсете ја дланката со 1 лажица масло и замесете го кратко тестото.
Префрлете го тестото во калапот претходно намрсен со маргарин, убаво распоредете
го, одозгора нанесете растопен маргарин и оставете го на топло место да нарасне да го
дуплира волуменот.
Откако ќе нарасне, ставете го да се пече на 180 степени половина час.
Извадете го и покријте го со крпа, а по 10тина минути извадете го од калапот.
Прекрасен додаток кон главното јадење, а и самостојно да го јадите е превкусен