Куглов колач со кандиран портокал и суво грозје
Уште еден рецепт од новогодишната ризница.
1. Во длабок сад ги матиме јајцата. Матиме долго додека не станат пенести, а потоа го додаваме шеќерот. Матиме долго, да се згусне смесата. Мериме со иста чаша околу 200мл. Додаваме масло, јогурт, а потоа го исклучуваме миксерот и го додаваме брашното кое претходно го помешавме со ванилата и пецивото, па го префрливме во сеалка. Така полека го сееме во смесата, па со шпатула ги соединуваме состојките. Рендаме кора од портокал,додаваме кандирани портокали и попрскуваме суво грозје.Зачинуваме со цимет.
2. Смесата ја префрламе во претходно намастен со путер калап од куглав, па печеме на тивко околу 40 минути. Печениот куглов го попрскуваме со шеќер во прав помешан со цимет па го сечеме на еднакви парчиња.
Сервираме и служиме со топло млеко, чај, или шоља кафе.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови