29
окт
2014
Крцкав кекс од мусли
Ова ми беше за проба, па затоа толку малку направив.
Инаку вистинскиот рецепт е со 2 банани, 100 гр мусли, мед по потреба, зависиод густината на бананата и кој сака може да си додаде суво овошје или чоколадо, како сакате.
Бананата се пасира и се меша заедно со муслите и медот. Со лажица правиме кекси и ги ставаме да се печат на хартија за печење. Се печат околу 10 до 15 мин на 200 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови