На малку масло го пржиме сецканото кромидче, па ги додаваме исчистените и издробени листови спанаќ. Готвиме многу кратко, колку да омекне спанаќот.
Оставаме да се излади, па додаваме сол, бибер, урда и убаво соединуваме.
Може да се додаде и едно мало јајце и на врвот на ножот пециво. Сега листовите кори ги делиме на 4 дела. Значи од еден лист да добиеме 4 парчиња.
Земаме едно парче, многу малку го премачкуваме со масло, ставаме втор лист кора.Во средината ставаме по едно полно лажиче од филот.
Од двете страни краевите ги виткаме навнатре, а потоа коричките ги роламе.
Така постапуваме со целиот материјал.
Добиените ролнички ги редиме на еден тајнир.
Сега во еден сад кршиме јајце, малку го посолуваме, а во друг сад ставаме презла. Секоја ролничка прво ја валкаме во изматено јајце, а потоа во презла,
Во една касерола налеваме масло, да се загрее на умерен оган.
Ги пржиме ролничките, да поруменат од двете страни.
Ги редиме на хартиени салфети.
Ги сервираме со јогурт или кисело млеко.
Одличен, брз појадок.
За полнење, може да се користи фил, од мелено месо, фил од урда и јаца....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани