Крцкави пилешки крилца со ананас и кашкавал
Се мешаат состојките за пилешкото во сад. Се маринира пилешкото и се остава во садот.
Рерната се загрева на 200 степени.
Кашкавалот се сече на тенки парчиња (или на готово си го земаме така од маркет ^_^) и овие парчиња на половина, да ни бидат подготвени.
Пилешкото се става во рерна додека зарумени. Го вадиме садот и ставаме парче кашкавал и врз парчето кашкавал ананас, на што ја додаваме другата половина од кашкавалот. Слободно може да се искористи и повеќе кашкавал. Враќаме во рерна, додека кашкавалот не се растопи убаво.
Кога крилцата се извадени може да се нароси малку босилек, копар или оригано за поубав изглед и малку шмек.
Комбинацијата може да се направи и со стекови. (полесно е за да се стави кашкавалот, со крилца ми изгледаше поинтересно, па затоа избрав баш оваа верзија да ја споделам).
Се надевам дека ќе ви се допадне.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови