Крцкави кифли со путер
Подготовка:
1. Од сите состојки се замесува тесто. Повеќе на тврдо треба да биде. Се остава да одмори 20 минути, ако имате повеќе време може и повеќе, 1 час би било доволно .
2. Потоа се дели на толку делови во зависност колкави сакате да бидат кифлите. Јас го поделив на 8 дела зашто сакав поголеми кифли.
3. Од секој дел тесто направете топка и развлечете ја во коричка. Секоја кора наполнете ја по вкус (иако и празни се предобри), па заролајте ја во кифла. Наредете во плех, премачкајте со разматената жолчка, наросете сусам и одозгора ставете парче путер на секоја кифла.
4. Печете во загреана рерна на 200 степени, 20 до 30 минути. Откако ќе се испечат нека се изладат малу, па послужете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови