Крцкави вртени стапчиња
Во длабок сад се мешаат брашното, шеќерот во прав, ванилинот шеќер. Потоа во измешаната смеса се додава јогуртот и жолчките.
Се замасува тесто кое можеби ќе ви се лепи на рацете, но секако ќе може да си додавате брашно додека да престане да се лепи, ( од прилика околу 50тина грама).
Се завлекува кора тенка околу 2 мм на работната маса на којашто претходно е ставено брашно.
Се сече на лентички коишто се сечат вертикално само на внатрешниот дел без да се исечат краевите. Едниот крај се провлекува два три пати кон внатре за да се навртка.
Стапчињата се ставаат во тавче обложено со хартија за печење.
Се печат на 200 степени околу 20тина минути, односно додека да не заруменат.
Кога ќе се испечат потоа се наросуваат со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови