Квасецот се раствара во млакото млеко, а потоа се додава шеќерот. Се остава да стаса квасецот.
Во брашното се просејува пецивото се додава солта и се промешува. Се додава стасаниот квасец, јајцата и маслото. Се замесува средно меко тесто . Се остава да стаса два пати.
Откако ќе биде стасано тестото се дели на два дела, полесно е за работење.
Од првиот дел се расукува кора колку еден прст дебелина . Со чаша се вадат округли форми, а со помала ракиена чашка се прави уште еден круг во средината. Истата постапка се повторува и со другиот дел од тестото.
Се редат формите на набрашнета крпа. Се покриваат да стасаат околу 15 минути, а потоа се пржат во врело масло.
Испржените крофни ги редиме на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.
Откако ќе се оладат се наросуваат со шеќер во прав.

На крај се јадат без застанување Ч ))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани