Во сад соединете ги ладниот путер исечен на малку коцки и шеќерот.
Додајте ги јајцето и млекото.
Измешајте со вилушка.
Постепено додајте го просеаното брашно и пецивото.
Замесете тесто.
Завиткајте го тестото во најлонска фолија и оставете во фрижидер да отстои 30-60минути.

Меѓу 2 листа хартија за печење расукајте кора(дијаметар кај мене 26цм).
Со помош на хартијата префрлете ја во калап за кростата.
Избоцкајте ја кората со вилушка.
Врз кората ставете хартија за печење и наут, грав, ориз(тоа што имате).
Ова ќе ви помогне кората да не се подигне многу и да не изгори пребрзо.

Печете на 180 степени, 15 минути.
Потоа тргнете ја хартијата со наутот и вратете уште 10-15 минути да се допече.

Испечениот бисквит оставете го убаво да се олади.

Во меѓувреме подгответе ја кремата

Во касерола ставете го чоколадото да се растопи.
Додајте го шеќерот и просеаното какао.
Измешајте, па додајте ја жолчката и густинот растворен со малку од млекото.
Измешајте.
Со постојано мешање со жица додајте го загреаното млеко.
Мешајте додека се згусти.
На крај додајте го путерот и сецканите бадеми.
Мешајте додека се растопи путерот.
Тргнете ја кремата од оган и оставете убаво да се олади.

Изладената крема нанесете ја врз бисквитот.
Декорирајте по желба.
Јас користев листови бадеми, малини и боровинки.
Изборот за декорација е ваш.

Оставете ја кростатата да отстои преку ноќ во фрижидер.

Забелешка
Кај мене не се чекаше цела ноќ, па затоа пресекот е со недоволно стегната крема.