
Кростата со праски
Едноставна и вкусна кростата.
Прво се замесува тестото.Во брашното се става путерот исечен на коцки,солта и шеќерот во прав.Мешаме со дрвена лажица.Ги додаваме и јајцата Мешаме и тестото потоа го домесуваме со рака.Готовото тесто во најлонска фолија го замотуваме и ставаме во фрижидер да одстои 2 часа.
За тоа време го приготвуваме кремот.Компотот од праски го миксираме со рачен блендер.Го ставаме на оган и кога ќе зоврие му се додава разматениот пудинг со 2 лажици шеќер и малку вода.Кога ќе згусни,се трга на страна за да олади.
Од тестото тргаме 1/4,а останатото со сукало го тегнеме и го ставаме во плех(бр.24).Го полеваме кремот.Од останатото тесто можете да направите ленти или други форми .Ги ставаме врз кремот и ја печеме кростата на 180 околу 25 минути.
Не напоменав дека тестото најдобо е да се сучи мегу 2 листа хартија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови