7
јан
2020
Кроасани
Се зема свежиот квасец се става малку вода и шеќер и се остава да се активира. Кога ќе надојде квасецот се замесува тесто од брашно, млеко, масло и јогурт. Се додаваат изматените со вилушка јајца и солта. Се замесува глатко тесто и се остава да мирува 20мин. Се дели на 8 топчиња. Секое топче се премачкува со маргарин. Последното не се премачкува. Се ставаат топчињата едно врз друго и се прави голема кора која се сучи и се сечи на 32 триаголници.
Се виткаат кроасаните се премачкуваат со жолчка и сусам и се оставаат да стасуваат на собна температура 2 саати. Се печат на 200С-20мин.
Лиценца: Сите права се задржани