Кроасани
Денешниов ден го искористив за благи кифлички.
Квасецот го стопив со млекото и го додадов остатокот од течностите, водата, маслото. Во смесата ја додадов и чашата шеќер и малку сол. Замесив тесто додавајќи брашно по потреба. Откако убаво се соедини смесата ја разделив на два дела и во едниот дел додадов стопена чоколада. (може да се стави и какао )
Оставив да стасаат.
После 30 минути ги размесив смесите на набрашнета подлога. Ги поделив тестата на 6 дела, од секоја боја. Значи извадив 6 бели и 6 темни топчиња. Ги развлеков во корички со големина на палачинка и така расукани ги ставив прво белата, па темната кора. Пак развлеков кора заедно и ги пресеков на осминки. Завиткани ги наредив во подмачкан плех. Ги премачкав со жолчка и повторно ги оставив да стасаат уште 10 минути. Печев додека не заруменат.
Попрскав прав шеќер. Имаат прекрасен вкус.
(Не кажав дека сите 6 топчиња се развлекуваат по иста постапка. )
Чашата е од 200мл
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови