Кригла (декорација)
За убави поводи, како што беше и нашиот, еве еден предлог како да ја аранжирате руската салата.
На претходно измиени и исушени листови зелена салата, поставени во соодветна чинија, ја нанесувате руската салата и оформувате во облик на кригла. Препокривате со парчиња од свинскиот врат. Претходно сварената и изладената виршла ја прицврстувате на салатата со помош на чепкалки за заби во облик на рачка.
Од киселата павлака правите туфнички со помош на слаткарски шприц, која ја има улогата на пена на пиво. Аранжирањето го дополнувате со останатите состојки.
Лиценца: Сите права се задржани
Vi blagodaram...