Во тенџере во кое ќе го вариме зеленчукот ја ставаме леќата и другиот зеленчук исецкан на покрупни парчиња.
Ја додаваме водата, маслото и супата.
Го ставаме зеленчукот да се вари и кога е готов го блендираме.
Доколку е многу густо додаваме уште вода или супа до саканата густина.
Зачинете по вкус и чорбата ставете ја повторно на оган 4-5 минути, ќе проврие и за тоа време промешувајте ја.
Тргнете на страна малку да се излади и послужете ја. Може да се служи и топла и ладна.