6
ное
2014
Крем чорба од тиква со сланина
Во тава за печење ја ставаме предходно излупената и на коцки исечена тиква, кромидот, празот, лукот и сланината. Зачинуваме со сол и бибер и малку маслиново масло и печеме во рерна 20-30 мин на 220 степени. Испечената смеса ја префрламе во тенџере и додаваме мед и 1литар врела вода и пасираме со блендер. Оставаме да проврие, па ја додаваме павлаката за готвење.
Истата чорба може да ја направите и посна без додавање на сланина и павлака за готвење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови