15
дек
2014
Крем супа со печурки и зеленчук
Навистина убава крем супа која брзо и едноставно се приготвува. Повторно ја ископав од ризницата на мајка ми. Сеуште ни е меѓу омилените и редовно си ја спремаме.
Чекор 1
Морковот, печурките и магдоносот се сецкаат. Компирот се ренда. Карфиолот се двои на мали делчиња.
Чекор 2
Се става путерот да се растопи и се пропржуваат печурките. Потоа се додаваат грашокот, морковот и компирот исто така малку да се пропржат. Се додава водата, коцките за супа, зачините и карфиолот.
Чекор 3
Кога супата ќе биде речиси готова, се мати жолчката со вилушка и се меша со павлаката. Полека се додаваат на супата. Потоа се додава магдоносот и лукот кој во меѓувреме сте го истолчиле.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани