Крем супа од домати, путер и мајоран
Некако темава ми се погоди, бидејќи оваа супа е наше секојдневие, особено кога доматите се толку вкусни и зрели, а да не заборавиме богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Топло им ја препорачувам на сите, особено на тие со мали дечиња на кого доматите не им се омилен зеленчук, а вака ги конзумираме без проблем.
Најпрво се лупат доматите и кромидот, па се сечат на коцки.
Тавата се загрева заедно со путерот.
Се додава кромидот и се пржи додека да омекне.
Потоа се додаваат доматите и се продолжува со пржење 10 -тина минути.
Се додава павлаката и се се крчка уште 5-7 минути.
Настрана се загрева вода и се додава коцката за супа, која по желба може да биде пилешка или говетска.
Пржената смеса се блендира и на крај се додава приготвената супа до саканата густина.
На крај се зачинува со мајоран и малку сол.
Се украсува со листови од босилок и парчиња тостиран леб.
Јас си додавам и лажиче шеќер за да се неутрализира киселоста на доматот.
Тостираниот леб е моја идеја..како ќерка ми со супата да касне и малку леб.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мајоранот е познат како братче на ориганото..наликуваат еден на друг...
Но во кујната-готвењето важи правилото-го користиш или едното или другото.
Инаку по мене има попрефинет, поблаг вкус од ориганото..
Може да се употреби и за ароматизирање на сите месни и мешункасти јадења..пробај го во комбинација со вргањ...фантастичен е...и се додава при крај за да ја зачува неговата арома...
http://moirecepti.mk/questions/slika-vo-komentarot/
Ти благодарам за објаснувањето. Ако е или едното или другото, јас добро си се сложувам со ориганото хехе... позз
Ти благодарам и на тебе Светле...иако повеќе сме навикнати на бистрите супи...моево семјство го навикнав на крем супите...и не ги процедувам...зошто така ни се повкусни имаат побогата структура...
Имајте си убав ден...