
25
мај
2021
Крем салата со ореви и лук
Салата која е нешто слична на таратурот, но изобилува со побогат вкус и доминира лукчето.
Подготовка:
1. Исецкајте ја краставицата на коцки, па помешајте ја со киселото млеко.
2. Исецкајте го лукчето и оревите, па додајте ги во смесата. Сирењето може да го изроните на поголеми парчиња.
3. Зачинете со копар.
Промешаната салата сервирајте ја и декорирајте со ореви и копар.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови