Еве уште еден експеримент за компир салата.

Во подлабок сад исецкајте ги на поголеми парчиња варените компири.
Додајте го јаболкото исечено на помали коцки, покрупно сецканите ореви, магдоносот и мајонезот.
Убаво измешајте ја салатата, а потоа посолете и додајте го сокот од лимон.
Уште еднаш промешајте и послужете.

Салатава е брза, вкусна и многу освежителна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани