Подготовка:

1. Главицата кромид кратко се пржи со малку сол. Се додава доматот, ситно сечкан на коцки. Се динста додека коцките се стопат. Потоа се додава едно ситно сечкано или поминато низ алатка чешне лукче. Одма потоа се додаваат тиквичките излупени и изрендани (не се цедат од течноста што ја пуштаат).Се меша убаво и се динста додека целосно испари течноста во тавата. Се додава мелен црн пипер, малку на врв од лажица кари и малку оригано. По потреба се додава и сол. Потоа се додава неутралната павлака и се крчка кратко. Се додаваат и киселата павлака. Се меша да се соедини.
2. Во меѓувреме се варат макароните во зовриена и посолена вода. Се цедат и се додаваат во сосот. Додавајте постепено, не сите одеднаш, по ваша проценка, за да ви се убаво покриени во сос. Јас не ги ставив сите.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани