Кремасти колачи
1. Одвојте ги белките од жолчките. Сматете ги белките во цврст снег, потоа додадете ги жолчките една по една, додадете го маслото и повторно измешајте, на крајот додадете го брашното и какаото па измешајте со шпатула.
2. Истурете во тава за печење или плех од шпоретот постелен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна околу 20 мин. Извадете ја, оставете да се олади и пресечете ја на половина на два еднакви дела.
3. Фил- Сматете ја слатката павлака. Сматете ја киселата павлака и шекерот во прав и додадете ја во неа слатката павлака, па измешајте. Додадете ги и мелените плазма кекси и измешајте. Поделете на два еднакви дела.
4. Поставете го првиот дел од кората - со половина од млекото намокрете ја и почекајте да се впие. Ставете половина од филот, врз него другата кора - пак залијте со другата половина од млекото, пак фил... Убаво измазнете и оставете убаво да се олади.
5. Спремете го ганашот, нека олади малку и залијте врз добро оладениот колач.
Ова е рецептот за целиот колач, а јас одлучив да го исечам колачот секој засебно и секој посебно го залив со ганашот, но мораше да спремам количински повеке од ганашот. Декорирајте како ви сакате.
Лиценца: Сите права се задржани