Коцки со крем од кокос
Ова е рецепт за еден обичен, брз но доста вкусен десерт. Се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Откако убаво ќе се изматат се додава млекото, маслото, брашното и пецивото. Се меша со лажица. Се дели на два дела и во едниот дел се додава 2 лажици какао.
Во правоаголно намрсено тавче се става кафеавиот дел да се печи во загреана рерна на 200степени точно 10мин.
Во меѓувреме се спрема кремот. Во ладно млеко се става ванилата. Шеќерот и брашното и со маталка се мати убаво да нема грутчиња. Се вари додека не се згустне, се трга настрана и се додава 100гр кокос. Над испечениот прв дел се додава кремот, па останатиот дел од тестото и се враќа во рерна на иста температура уште 20мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови